Исчистени 60 кубни метри отпад од дива депонија во општина Ѓорче Петров

Од:

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје спроведоа акција за расчистување обемна дива депонија лоцирана на влезот на гробиштата во општината Ѓорче Петров. Во рамките на акцијата беа подигнати и транспортирани приближно 60 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад.

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје апелира до граѓаните совесно да постапуваат со својот отпад и истиот да не го одлагаат на јавни површини, бидејќи на тој начин создаваат диви депонии што ја загадуваат животната околина.

ЈП „Комунална хигиена“ ги информира граѓаните на градот Скопје дека застарениот мебел и отпадот од електронска и електрична опрема може да ги депонираат во Центрите за селекција во Карпош и Вардариште, без плаќање паричен надоместок.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноски: Градоначалникот на Ѓорче парковите ги претвора во згради за лична корист

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Стојаноски: Дали Наумоски усвои иницијатива за нов ДУП за да прибави лична корист?

Ана Ололовска

СДСМ: 12 години Ѓорче Петров беше заборавена општина заради ВМРО-ДПМНЕ

Татјана Ташкова

Акција за генерално чистење на општината Ѓорче Петров

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Стојановски: Владеењето на Кметот Наумоски го отсликуваат пеење по кафани, танчерки, покачување на сопствената плата

Ана Ололовска

Наумоски: Купив „БМВ Х5“, па нема со магариња да патуваме

Ана Ололовска