Исчезнатото тригодишно дете од Штип пронајдено мртво

Од:

Во месноста Суитлак во близина на Струмина чешма попладнево пронајдено е телото на тригодишното дете од Штип кое исчезна завчера.

Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова потврдува дека телото на малиот Чинар Сулејманов е пронајдено и дека полицијата направила увид на местото.

– Телото на детето е предадено на обдукција по налог на основен јавен обвинител со цел да се утврдат причините за смртта. Детето го пронашле роднини кои цело време биле вклучени во потрагата и го пребарувале теренот околу Штип. Најпрвин му ја нашле сината јакна во која што било облечено, а на 200 до 300 метри погоре на ридот го пронашле беживотнто тело, рече Панајотова.

Полицијата во моментов не открива повеќе детали за смртта на Чинар Сулејманов.

Родителите на тригодишното дете го пријавиле за исчезнато завчера во доцните попладневни часови откако не си дошло дома по посетата на домот на неговиот дедо.

Родителите вчера заедно со полицијата ги пребараа сите напуштени куќи и улици во Штип во централното градско подрачје, но и во околните населби но тогаш потрагата не вроди со плод.

Би можело да ве интересира

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он