Исчезнато момче од Долно Свиларе пронајдено во Дебар

Од:

16-годишното момче Емир Екрем Мустафа од скопско Долно Свиларе, кое родителите го пријавиле за исчезнато, вчера доцна попладне пронајдено е живо и здраво во Дебар.

– Момчето беше донесено во нашата установа околу 20:30 часот од страна на полицијата. На телото немаше некои поголеми повреди освен гребнатини на десниот рачен зглоб и на десната страна на грбот. Направени му беа сите потребни медицински испитувања и тоа е во добра состојба, изјави ортопедот Исмаилаки Клења, дежурен лекар во Општата болница во Дебар.

Од полицијата го потврдија пронаоѓањето на детето.

– Момчето, кое во средата е пријавено за исчезнато е пронајдено во Дебар во добра состојба и по извршената неопходна процедура, синоќа е предадено на родителите, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Момчето во петокот околу 17:30 часот покрај брегот на Дебарското Езеро, кај градската плажа, го сретнал рекреативен рибловец по што ја известил полицијата.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа