Исчезнатиот беровец кого го бараа со Интерпол се јавил дома по три месеци, ама уште не знаат каде е

Од:

Беровецот Александар Черговски, кој беше исчезнат речиси три месеци и чие семејство бараше помош од јавноста за да го најде, денес се јавил кај блиските.

Черговски ја напуштил Германија на 18 февруари и тргнал кон дома, а последната трага од него беше снимката од безбедносна камера на „Табановце“, непосредно откако влегол во Македонија.

Неговото семејство, кое живее во Берлин, ја алармирало полицијата, а во потрагата по Александар се вклучил и Интерпол.

Сепак, 39-годишниот беровец денеска стапил во контакт со роднините, но според информациите од семејството, тој во првиот контакт само ги известил дека е жив и здрав, но не открил каде се наоѓа во моментов, ниту каде бил во изнинатите три месеци.

Членовите на неговото семејство им се заблагодарија на сите кои вложиле напори да се пронајде исчезнатиот Черговски.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

15-годишник силувал тинејџерка

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски