Исчезната жена пронајдена удавена во водите на Треска во Кичево

Од:

Исчезната жителка на Кичево е пронајдена удавена во водите на реката Треска.

Како што соопшти МВР, шеесетиедногодишната И.М. од Кичево, која претходно била пријавена за исчезната, вчера околу 10:30 часот е пронајдена удавена во водите на реката Треска во близината на Кожаната во Кичево.

Телото на починатата е извадено од водите на реката од екипа на Територијалната противпожарна единица Кичево, а идентитетот го утврдил нејзиниот сопруг.

Со наредба од Јавен обвинител над телото на починатата ќе се врши обдукција.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип