Исчезна тригодишно дете во Штип

Од:

Во Штип исчезна тригодишниот Чинар Сулејманов. Неговиот татко Амди Синанов  вели дека малиот Чинар вчера околу 8 часот излегол од домот и се упатил кон неговиот дедо. Но, откако заминал од куќата на неговиот дедо, му се губи секаква трага.

– Детето е облечено во сина јакна и фармерки, не знае добро да збори, бидејќи има само три години, го бараме од вчера заедно со полицијата. Доколку некој виде три годишно дете како скита по улиците веднаш да се јави во полиција, вели Синанов.

Во текот на ноќта роднините и полицијата ги пребарале улиците на Штип, но и околните населби околу градот.

Од СВР-Штип потврдуваат дека е исчезнато тригодишно дете и оти од нивна страна веќе се бара.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка