Инвестирани 6 милиони денари за реконструкија на дел од улица во Гостивар

Од:

Делница од „Беличица“, една од најпрометните сообраќајници во Гостивар, ќе биде целосно реконстуирана за две недели, за што локалната самоуправа издвои шест милиони денари.

Со реконструкцијата ќе биде опфатен и мостот што градското подрачје го поврзува со населбите во јужниот дел на општината.

– Проектот, кој започна пред еден месец со изградба на тротоари и постување улично осветлување, ќе го завршиме со поставување нова подлога и нов слој асфалт на коловозот. Ист ваков зафат е планирано и на други делови од улицата, бидејќи неа ја користат голем број граѓани, рече Невзат Бејта, градоначалникот на општина Гостивар.

Со реконструкцијата, во оваа фаза, се опфатени 250 метри, бидејќи како што појаснија од Секторот за сообраќај, таа делница била целосно руинирана и го попречувала сообраќајот.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар

Ваљбон Лимани повторно e кандидат за градоначалник на Гостивар

Aдвокатот Фадил Џелили e повереник на Владата за општина Гостивар

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Гостивар

А1он

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица