Инвалидизираните од Кавадарци ќе добијат комбе со кое ќе им се олесни животот

Од:

Инвалидизираните лица од Кавадарци ќе добијат комбе со кое ќе им се олесни животот. Возилото ќе го обезбеди општината, со поддршка на германската амбасада. За ова денеска информираше кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

– На општински трошок возилото ќе биде достапно за овие лица, кои на тој начин без проблем ќе можат да стигнат таму каде што им е потребно. По медицинска контрола, во парк и слично, појасни градоначалникот.

Ова е, како што нагласи, уште една активност за подобрување на животот на овие лица.

Деновиве неколкумина од нив исто така добија електрични колички со кои им се олеснува секојдневието.

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак