(ИНТЕРВЈУ) Жерновски: Граѓаните ќе је бранат победата од фалсификат пред општина Центар

Од:

Андреј Жерновски, кандидатот за градоначалник на Центар на „Сојузот за иднината“, во интервју за А1 говори за линчот кој против него го води Владата.

Не може да свати како никој од институциите не реагирале на фалсификатот кој повторно се подготвува со уфрлени гласачи од Пустец.

„Тодоровиќ ке биде градоначалник на Пустец, а јас ќе бидам градоначалник на Центар“, вели Жерновски.

Укажува дека трагикомично од Тодоровиќ е што ги копирал неговите проекти, иако тоа не го предвидел во изборната програма.

„Изјавата која ја знам е дека во Владата рекле доколку падне Центар ќе има предвремени избори“, изјави Жерновски.

Најави дека нема да дозволи да се повтори сценариото од првиот круг и дека граѓаните ќе се соберат и ќе бидат пред општината во недела.

Ја повика Владата да се организираат фер избори на кои граѓаните слободно ќе го изберат градоначалникот на центар.

Повеќе од видеото.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември