СДСМ и „ Сојузот за иднината“ имаат и сила и желба и мотивираност да се борат до крај, порачува во интервју за А1 он, потпретседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев.
„Сите имаме цели во животот, но се паѓа во вода без нашата Македонија. Мораме да се избориме за нашата земја. Народот си ја сака. Да ја вратиме демократијата, вели Заев.
Заев појаснува дека како и порано диригираните од власта медиуми, работат и го местат , и монтираат негови изјави и интервјуа.
„По она што го направи власта ќе има пукање, ќе се пука, но ние можеме да пукаме со љубов и со срце“, вели во интервју за А1он.
Очекуваме, вели, пукање и врз својот народ. Но, народот нема да го дозволи тоа.
„Јас сум непоправлив оптимист. Знаме дека целта е благословена-демократска Македонија“, вели Заев.
Интервјуто со Зоран Заев можете да го проследите во видеото.