(Интервју) Макрадули: По изборите почнува клучното, второ полувреме за Mакедонија

Од:

Кандидатот на Сојузот за иднина за градоначалник на Скопје, Јани Макрадули својата предност пред противкандидатот Коце Трајановки ја гледа во тоа што никогаш не бил во ивршната власт, во неговата визија Скопје е еден поинаков град, различен од тоа што е сега.

Макрадули вели дека хендикеп на Трајановски е што ветува исти работи како и во 2009. година на минатите избори, а реализирал работи кои не ги спомнал во ветувањата пред граѓаните, како што беа трите врби на Вардар, бродовите.

Макрадули вели дека сака Скопје да го види како град каде што граѓаните безбедно ќе одат и ќе се враќаат од работа, град во кој што ќе дишат чист воздух, ветува дека ќе го запре уништувањето на зеленилото во градот и сечата на дрвата на Водно.

-Многу се зборува за гасификацијата, а Коце ја ветувал и во 2009. година. Мојата предност е што јас знам да ја направам, вели Јани Макрадули.

Тој планира новата луксузна зграда на Водовод да ја претвори во независен културен центар.

-Скопје не треба да се враќа назад во романтичниот период, цел свет работел за Скопје после земјотресот. Треба секој месец да има манифестации, ни треба нов меѓународен конкурс за Скопје и да ги доведеме најдобрите. Една година, мој консултант ќе биде еден од светските архитекти и мислам дека е значајно Скопје да покаже дека може да нуди работни места, посочува Макрадули.

Во интервјуто за А1он, Јани Макрадули зборува за односите во СДСМ, за независните кандидати кои се појавија после напуштањето на партијата, за предвремените избори. Повеќе за визиите на кандидатот на Сојузот за иднината од видеото.

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Борисов со убедливо водство на изборите во Бугарија

A1on

„Галуп“ предвидува победа на ГЕРБ на изборите во Бугарија

A1on

Првична поекција на изборните резултати за Европскиот парламент: Либералите и Зелените во минус

A1on

Во Словачка се отворени избирачките места за изборите за Европскиот парламент