(Интервју) Јурген Ненѕа: Во Германија мислевме дека Куманово е меѓуетнички судир, потоа дознавме дека можеби власта го инсценирала

Од:

Во германските медиуми деновиве дознаваме повеќе за Македонија, пред се’ за страшниот инцидент во Куманово, прво мислевме дека се работи за меѓуетнички судир, но потоа дознавме дека можеби инцидентот е инсцениран од власта и се прашувавме – зошто?

Имав прилика да го видам антивладиниот камп, тука во Скопје и да се уверам дека по 9 години владеење на една власт, се случува мирољубива, но одлучна револуција на соединети граѓани од сите националности, рече на промоцијата на својата поезија, преведена на македонски јазик, германскиот писател Јурген Ненѕа.

Првпат доаѓате во Скопје, имавте прилика да го разгледате, што мислите за новиот изглед на градот?

Она што најпрвин ми остави впечаток се луѓето, кои се многу љубезни и многу отворени.

11265061_10206910653100050_2068374617_o

Скопје општо земено ми се допаѓа, но со сите овие големи нови градби, монументи и огромни скулптури за кои мислам дека се со преголеми размери и дека тие воопшто не одговараат на сликата за луѓето, која човек ја добива, а тоа е голема штета. Сметам дека тие повеќе го нарушуваат изгледот на градот, отколку што го збогатуваат.

Тоа се нови симболи за манифестирање моќ. Архитектонски воопшто не ми се допаѓаат. Навстина, тоа е голема штета.

Предавате литература во гимназија, а кај нас, деновиве, освен студентите, протестираа и средношколците против лошите реформи во образованието, според Вас кој е најдобриот приод во оваа сфера?

Од една страна би било важно најпрвин да се осознае историјата на литературата и промените во поетското и книжевното пишување со текот на времето.
Од друга страна е многу важно да се покаже колку е живописна и разнообразна е современата поезија, каква што верувам е и поезијата во Македонија денес.
Во поезијата и во литературата воопшто се искажува едно ново, променето животно чувство, а истовремено литературата претставува еден вид простор за зачувување на помнењето. И во оваа комбинација од помнење и ново животно чувство повеќето ученици можат да научат нешто повеќе за општеството и за самите себе. А во промените на поетскиот стил на пишување се огледуваат и општествените промени.
И покрај тоа секоја поезија и литература останува израз на едно индивидуално и својствено видување и восприемање на животните околности и животните поврзаности, на општеството и на сопствениот живот.

Кога работам со своите ученици, тие самите мора да пишуваат текстови – песни, радио драми, мораат да ја откијат и развијат сопствената креативност, а преку тоа стануваат сензибилни за јазикот и за начинот како јазикот го отсликува светот.

11332514_10206910668500435_547467153_o

Работите литературни прилози и репортажи поврзани со книжевноста на радио, но, како денес во време на спектакли и визуелна култура да и’ се пренесе на јавноста она што е значајно во сферата на книжевноста?

Тоа е многу тешко, бидејќи преку новите медиуми многу интереси се променети и поместени, но поезијата отсекогаш била жанр за малцинството и не може да се спореди со романот кој привлекува поширока публика.

Она што е интересно е дека на интернет сега постојат многу форуми за поезија и многу повеќе луѓе пишуваат песни, сеедно дали се добри или лоши, но по сè изгледа читаат многу помалку песни, мислам дека би било важно, позијата да добие поголема присутност во училишните и наставните планови, на страниците на весниците и во медиумите.

Но, вие сте во право, многу нешта се променети и поместени, а тоа не е сосема во прилог на поезијата, сепак, доброто во сето тоа е што, вистинскиот поет не може ништо да го спречи во пишувањето поезија.

Вашата поезија е преведена на англиски, холандски, сега и на македонски јазик, дали е тоа најдобриот начин, во оваа ера на дигитализација, да ја најдете својата публика?

Се надевам дека моите преведени песни ќе си го најдата својот читетелски кружок овде, во Скопје, во Македонија. Да се биде преведен на друг јазик, е секогаш голем комплимент и признание, а дискусиите со преведувачот односно преведувачката за авторот е секогаш придобивка и збогатување, бидејќи преведувачот секогаш донесува едно ново компетентно гледиште на песните. А на тој начин се дознаваат многу нешта за можностите кои ги поседува јазикот во странскиот јазик. Но, колку силна ќе биде рецепцијата на моите песни овде во Македонија, тоа не можам да го одредам. Но, преведувачот е во секој случај оној кој создава нова варијанта на постоечката песна, и самиот тој е поет. Без разлика колку луѓе ќе ја читаат мојата поетска збирка, за мене е ова лично збогатување, благдарение на песните да бидам поканет во Скопје, да запознаам луѓе од овде, да разговарам со нив.

Идеален читател не постои, или јас не би можел да го одредам. Секој има поинакви наклоности кон песните, но за мене е важно доколку моите песни успеат некого да допрат, да трогнат и да го оттргнат од секојдневието, од рутината на секојдневието. И можеби читателот ќе открие нешто ново кај себе и ќе помисли на нешто кое претходно воопшто и не го знаел, и можеби ќе почне да се согласува со одредени нешта, поинаку да гледа на нештата кои му се многу добро познати и да чита понатаму.

Јурген Ненѕа, роден 1957 година во Есен, пишува поезија, раскази, радио драми, специјални радио прилози и приредува книжевни изданија. За поезијата има добиено повеќе литературни признанија, меѓу кои и Наградата за лирика Меран. Последни книжевни изданија се „Ротацијата на колибрито“ (2008) и „Јаболко и кос“ (2012).

Во организација на издавачката куќа „Блесок“ и во соработка со СловоКулт, со поддршка од Гете Институтот и Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка, во Скопје се одржа поетско читање на поезијата на Ненѕа.

Александра Бубевска

Превод на интервјуто од герамански јазик: Елизабета Линднер

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ