Весна Бендевска, една од повредените пратенички, во интервју за А1он, вели дека ни една борба не е залудна. За неа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кои немо набљудуваа како ги тепаат и брутално исфрлаат се мртви души.
„Вељаноски е мало партиско војниче кое ќе влезе на црните анали на историјата. Отпор кон власта е борба за Македонија. СДСМ ќе го води народот кој сака да си ја врати изгубената земја. Македонија има сила“, вели Бендевска.
Во црниот понеделник, изјави , некој направи убиство од прв степен.
Очекувала се од власта, но не и дека ќе се соочи со гол фашизам.
Во продолжение можете да го погледнете интервјуто со пратеничката Весна Бендевска.