(Интервју) Арбен Таравари: Уставот ни е крпен, треба да се направи устав што ќе биде прифатлив

Од:

Алијанса за Албанците ќе учествува на лидерската средба што ја свика премиерот Димитар Ковачевски со лидерите на парламентарните партии, а која треба да се одржи в понеделник во македонскиот парламент. Одлуката во интервју за „Макфакс“ ја потврди в.д. претседателот на партијата Арбен Таравари.

„Ја прифативме лидерската средба со Ковачевски, имавме заеднички став дека треба да се оди. Ќе одиме, ова е битен момент за државата. Ние ќе бидеме во ЕУ, но дали ќе бидеме до 2030 или до 2050 година зависи од нас и затоа треба да се катализираме и како политички субјекти да помогнеме што побргу да влеземе во ЕУ“, вели Таравари во интервјуто.

Оценува дека во моментов од помош може да ни е и руската агресија врз Украина, која, како што додава, може да го забрза евроинтегративниот процес. Затоа порачува дека сега не е моментот за делба меѓу политичките партии сè додека трае скрининг-процесот.

„Не би сакал некој да ме нарекува по бројот на личната карта или по некој процент. Албанскиот јазик во Уставот се нарекува јазик којшто го зборуваат над 20 проценти од населението и кој што е поразличен од македонскиот. Што пречи ако во Уставот стои: официјални јазици во Mакедонија се македонскиот и албанскиот јазик. Но некој сака да направи конспирација“, додава Таравари.

Според него, Уставот е крпен и, како што додава, треба да се седне и да се направи устав што ќе биде прифатлив.

„Нека си стои Бадентер додека ни треба, кога нема да ни треба ќе направиме граѓански устав“, вели Таравари.

Дали се подготвува нова т.н Тиранска платформа, дали Алијанса за Албанците е подготвена да седне во Влада, зошто најавениот сет на мерки пред отворањето на Уставот се чува во тајност, во интервју за „Макфакс“ одговара в.д. претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

Би можело да ве интересира

Таравари: Ако има избори следната година, Ахмети во 2026 ќе бара нови

Катерина Ѓуровски

Крилото на Села ја спори легитимноста на конгресот на Таравари

Таравари: Ова е лудница, албанската опозиција критикува за закон кој тие го донесоа

Катерина Ѓуровски

ДУИ бара Таравари да поднесе оставка

Таравари: Не сум за бркање лекари од работа, но мерки мора да има за случајот со починатото бебе

Таравари прими вакцина за сезонски грип