ВИДЕО: Интерпол два месеца одбива да ја објави потерницата за Груевски

Од:

Обвинителката за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, изјави дека Интерпол повеќе од два месеца одбива да ја објави меѓународната потерница за бегалецот Никола Груевски и за бегалецот во Солун, Никола Бошкоски.

Двајцата се осомничени како организатори на крвавиот упад во Собранието, во 2017 година.

Таа рече дека не ѝ се познати причините зошто седиштето на Интерпол не ги објавува потерниците. Рече дека добила документација од Албанија во истрагата за бегството на Никола Груевски.

„Седиштето на Интерпол одбива да ја објави потерницата, а не даваат образложение“, рече Русковска.

„За пет лица кои беа обвинсти во претходниот предмет, без проблем потерниците беа објавени, а се работи за исто кривично дело”, кажа обвинителката пред новинарите.

Русковска рече дека до крајот на мај очекува да биде поднесено обвинение за шестемина осомничени организатори на настаните од 27 април 2017 година.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама