Интерпол алармира: Повици за самоповредување на деца на ТикТок, родителите да внимаваат

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук-прифил вечерва напиша дека МВР добило информации од Интерпол дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија и Израел се забележани повици за самоповредување на малолетни лица и упати алеп за внимателно користење на социјалните мрежи.

– Апелирам за внимателно користење на социјалните мрежи. МВР од страна на Интерпол доби информација дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија и Израел се забележани повици за самоповредување на малолетни лица. Апелирам до граѓаните, особено до родителите да обрнат внимание на активностите на своите деца на социјалните мрежи, потенцираше Спасовски.

Министерот за внатрешни работи додава дека спорeд досегашните сознанија, такви повици нема од профили на наша територија, ниту од околните држави, но, како што посочи, апелира на будност и надзор со цел да се избегнат било какви несакани случувања.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ