Започна интерпелацијата за министерот за финансии Ставревски

Од:

Немате повеќе кредибилитет да ја вршите функцијата и затоа треба да ја напуштите министерската фотеља – со овие зборови Маријанчо Николов во име на опозицијата побара иинтерепелација на Министерот за финансии Зоран Стваревски.

Николов образложи „Кредибилитетот го изгубивте со вашето однесување во јавноста, со тоа што не отворивте ниту една фабрика и не доведовте на врвот на мизеријата и невработеноста, со тоа што три години ја најавувате гасификацијата, а од неа нема ништо и со тоа што наместо граѓаните приоритет ви се тесно партиските интреси“.

Претседателот на собраниската комисија за финансирање и буџет, Николов го праша Стваревски дали заклетвата дека чесно ќе ја врши својата функција ја даваше пред статутот на неговата матична партија ВМРО-ДПМНЕ или пред Уставот на Република Македонија.

Николов наброја десет причини поради кои Стваревски треба да ја напушти позицијата. Посочувајќи дека само во мај за две недели се позајмени 213 милиони евра, праша кој е тој проект во кој ќе ги вложат овие пари за да може за пет години да се вратат. Го предупредија дека вакви кредити земаше и Грција пред да банкротира.

Од СДСМ му замеруваат и за акцијата „Детонатор“ која покажала дека има пропусти во царинското работење, му замеруваат за сиромаштијата која во последниве 4 години урива рекорди, за тоа дека се трошат 100 милиони евра за реклами за вработувања а вработувања нема, за огромните потрошени средства за проектот „Скопје 2014“, состојбата во фондовите за пензиско и здравствено осигурување кои се оставени на работ на опстанок и неуспешниот проект „Купи куќа, купи стан“.

Ставревски во одговорот кажа дека опозицијата сака да наметне слика дека владата се задолжува.што спроед него не е точно во реалноста. Долгот, според Стваревски е помал за 12 процентни поени, а тоа значи дека македонските граѓани се во групата најниско задолжени во Европа. На обвинувањата дека не се изградени патишта и проекти кажа дека се завршени 7 километри автопат и дека оваа година започнува изградбата на Коридорот 10 што е во вредност од 300 милиони евра. Во текот на овие години е инверстирано 50 милиони евра во електраната во Битола, 400 киловолтни далеководи се пуштени оваа година. Владата реализира и проект во земјоделството, проекти за водоводи и канализации, модернизација на здравствените установи и училишпта, одговори Ставревски.

Јани Макрадули од СДСМ, побара за акцијата „Детонатор“ наместо фалби, министерот да одговора и кривично и морално. Посочи дека за 100 илјади евра Љубе Бошкоски заврши во затвор на 5 години, а дека со пропустите во царинското работење и Управата за јавни приходи, со нелегалните автомати за игри на среќа, државата е оштетена за 10 милиони евра.

Пратеничката Ленче Николовска рече дека и да не е сиромаштијата 30 проценти, и да не била Македонија задолжена со пола милион евра, и да не беше државата прва во мизерија, Стваревски ќе требаше да си оди бидејќи заедно со Грувески го уништија македонскиот аграр а Македонија ја направија зависна од увоз на стратешките прехрамбени продукти како млеко, месо и лебно жито.

Според деловникот, Собранието расправа за интерпелацијата само еден ден. Министерот Ставаревски веќе два пати се спаси и покрај сериозните критики испратени од опозицијата, мнозинството тогаш изгласа дека тој одговорно си ја врши функцијата.

Христена Антовска Јованчева

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година