Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, отворена и страница за пријавување на лицата кои се вакцинираа во странство

Од:

Интересот за вакцинација против корона вирусот секојдневно се зголемува, оценуваат од Министерството за здравство. Од вчера е отворена и веб-страницата за ревакцинација, за пријавување на лицата кои се вакцинирале во странство. Драстичниот пад на бројките на новозаразени лица, како и се поголемиот број лица кои ја примиле вакцината за надлежните дава голема надеж за конечно стивнување на пандемијата и продолжување со нормален тек на животот.

Комисијата за заразни болести предложи од 1 јуни олабавување на мерките, што подразбира заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено. Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не може да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни.

Предложи да престане да важи забраната за групирање на отворено. При групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски.

– Да се дозоволи организација на свадби и прослави на отворено со музика, со максимум 50 проценти исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости. Максимум дозволен број на гости на една маса да биде шест. Спортските натпревари кои се играат на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30 проценти од капацитетот на стадионот. Да им се дозволи на угостителските објекти да примаат по шест гости на една маса, додека сите останати рестрикции за нив остануваат на сила. Полицискиот час останува на сила, се предлозите на Комисијата.

Досега во земјава вкупно се аплицирани 304 904 дози вакцини, а ревакцинирани се 71.060 граѓани.

– Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 429 464 граѓани, информираа вчера од Минитерството за здравство.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Министерството за здравство информираше дека од вчера заклучно со 6 јуни 2021 година во функција е веб страницата https://vakcinacija.mk/revaccination која е за регистрација само на оние граѓани кои се вакцинирале во странство и сакаат да се ревакцинираат во земјава.

-Преку регистрацијата на граѓаните ќе можеме да добиеме детален увид за колкава бројка станува збор, со кои вакцини се вакцинирани и кога треба да се ревакцинираат. Страната за регистрација за ревакцинација ќе биде отворена една недела, по што ќе биде затворена регистрацијата. На овој начин ќе ги прецизираме количните и типот на вакцини кои ќе ни бидат потребни. Најголем предизвик за ревакцинација на овие граѓани е фактот што дозите не можвме досега да ги планираме и не знаеме со што ќе располагаме во моментот кога тие треба да се ревакцинираат, наведоа од Министерството за здравство.

Додоа дека со вакцината на Астра Зенека во земјава ќе се ревакцинираат единствено граѓаните над 60 години.

-За сите останати граѓани после регистрација на сајтот Министерството за здравство ќе направи обид да се обезбедат доволни количини вакцини по што ќе информираме прецизно во јавноста. Согласно информациите со кои располагаме, најголем дел од граѓаните вакцинирани во странство, пред се Србија треба да бидат ревакцинирани околу 19 јуни, посочија од МЗ.

Министерството за здравство, исто така соопшти дека во ковид-центрите има слободни легла, како и оти поради намалениот број на болни, болниците затвориле дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти.

Според последните податоци во ковид-центрите во главниот град се лекуваат 75 лица. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Според иформациите од Министерството за здравство на инфективните одделенија во земјава се лекуваат 134 пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 792.077 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.246, бројката на оздравени пациенти е 147.473, на починати е 5.398, а бројот на активни случаи изнесува 2.375.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски