Интензивни активности за водовод и канализација во Кавадарци

Од:

Интензивни водоводни и канализациски активности се одвиваат во Кавадарци. Почна реконструкцијата на фекалната и атмосферска канализација на улицата „4 Јули“.

– Завршивме со реконструкција и на улицата „Клинска“. Се продолжува со поврзување на корисниците на Западен булевар на нова водоводна линија и со реконструкција на фекална и атмосферска канализација на улицата „Брушанска“. Секојдневно се вршат интервенции на фекалната мрежа во градот и околните села, изјави раководителот на организациската единица за водовод и канализација при Јавното претпријатие „Комуналец“ Бојан Атанасов.

Тој додаде дека се изведуваат нови приклучоци за наводнување на зелените површини во градот, почна изведбата на нови решетки на улицата „Методија Џунов-Џикот“, а продолжува и чистењето на наполнетите сливници.

Би можело да ве интересира

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци