Институтот за радиотерапија и онкологија ќе располага со 30 нови биолошки лекови

Од:

Институтот за радиотерапија и онкологија во Скопје наредниве две години ќе располага со 30 нови биолошки лекови за лекување на пациенти со онколошки заболувања, одобрени од Министерството за здравство и целосно покриени од Фондот за здравствено осигурување.

Ова на денешната прес-конференција го истакна директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, Нино Васев, кој додаде дека лековите што претходно биле достапни само за органичен број пациенти, сега ќе бидат достапни за сите пациенти на кои им се неопходни.

– Две годишен тендер значи дека правните процедури се олеснети и дека ние за две години фактички само треба да го нарачаме лекот и да го платиме и да го дадеме на пациентот. Овие лекови моментно им се потребни на повеќе од 350 пациенти, појасни Васев.

Тој додаде дека лековите се сертифицирани и 100 проценти се оригинални лекови. Како што рече, не постои ниту еден лек кој што не е оригинален од фирмата која што го произведува.

– Првпат пациентите со онколошки заболувања ќе се лекуваат со биолошката и таргетирана терапија. Иновативната биолошка, моноклонална и таргет терапија е наменета за сите пациенти кои имаат потреба од лекување со ваков тип терапија. Овие лекови делуваат така што поттикнуваат малигното заболување да се трансформира во хронично со кое пациентите ќе може да живеат како со секое друго хронично заболување. На тој начин терапијата го продолжува, но уште и го подобрува и квалитетот на животот, истакна Васев.

Оваа биолошка терапија, како што појасни директорот, е дел од стандардните протоколи во европските земји, а се користи во раните фази на болеста, но и во понапредна фаза.

– Воведувањето на биолошката терапија значи и заштеда на средствата од лекувањето на пациентите во странство. Во 2018 година, кога се уште не беше воведена оваа терапија, само 1,45 отсто од заболените започнале третман со биолошки лекови, додаде Васев.

На Клиниката за онкологија и радиотерапија, како што информира директорот, изминатава година се регистрирани 5.400 новозаболени. Кај најголем број од новодијагностицираните бил откриен рак на дојка, хематолошки и рак на бели дробови. Заболувањето најчесто е откриено во 2 фаза.

Минатата година во земјава се регистрирани 9.642 новозаболени лица со малигна неоплазма, од кои 72 се деца.

Би можело да ве интересира

Студии: Лековите претставуваат глобален ризик за околината

Ана Ололовска

Најскапиот лек на светот чини повеќе од два милиони долари

Ана Ололовска

Заев: Мерката за укинување на квотите за лекови на рецепт во сите аптеки успешно ја спроведуваме

„Хемофарм“ го повлекува лекот „Ранитидин“ поради појава на нечистотија што може да биде штетна за здравјето

Дончев: Граѓаните ќе имаат придобивки од укинувањето на квотите за лекови на рецепт

Филипче: Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт го решаваме деценискиот проблем со недостигот на лекови