Институтот за клиничка биохемија со нов апарат за одредување бакар во урина и серум

Од:

Институтот за клиничка биохемија набави нов апарат Атом-апсорпциски спектрометар со кој може да се одредува концентрација на тешки метали, посебно на бакар во урина и во серум.

Ова испитување е брз метод за утврдување вишок бакар во организмот во процесот на дијагностика, што е посебно значајно за пациентите со Вилсонова болест, кои користат хелаторска терапија, која помага вишокот бакар во организмот да се исфрли преку урина.

Токму поради тоа, следењето на нивото на бакарот во урина е едно од неопходните испитувања за следењето на прогресот на болеста, и е директен показател на ефектите од терапијата.

„Станува збор за апарат којшто ќе го користат пациентите со ретката болест Вилсон, коишто имаат зголемена количина на бакар во крвта. Над 30 пациенти во нашата земја боледуваат од оваа болест. Овој апарат значајно ќе им го олесни пристапот до дијагноза, но и контрола, на тоа како влијае терапијата за оваа ретка болест. Тоа значи дека отсега па натаму, огромните суми на пари над 5000, 6000 илјади денари кои тие ги плаќаа во приватните амбуланти, сега само со партиципација од 200 денари ќе ја прават оваа анализа на Клиниката за клиничка биохемија. Буџетот за ретките болести во 2020 година е значајно зголемен и изнесува 527 милиони денари. Двојно повеќе од тоа што беше во 2017 година“, изјави министерот за здравство, д-р Венко Филипче при денешната посета на Институтот за клиничка биохемија.

Рутинското извршување на оваа анализа под водство на Клиниката за клиничка биохемија е веќе ставено во шифрарникот на Фондот за здравствено осигурувње и е од огромно значење за веќе дијагностицираните пациенти со Вилсонова болест, во насока на следење на успешноста на терапијата и прогресот на болеста, а особено ќе придонесе во процесот на дијагностика.

Вилсоновата болест е фатална доколку не се открие и не се лекува, но навремено откривање на болеста и редовна, соодветна терапија, им овозможува на овие пациенти нормален живот, со минимални диететски рестрикции.

„Чест ми е и задоволство што денеска Институтот за клиничка биохемија доби нов апарат, еден од најсовремените апарати и од најпознатите производители од брендот Елме кој е многу стабилен и е многу прецизен апарат со кој ќе имаме можност да испитуваме тешки метали. Особено е важно во овој момент што ќе почнеме со испитување на бакар во урина на пациентите кои боледуваат од вилсонова болест, параметар кој е многу важен за следење на терапијата и за следење на прогресот на болеста. Ова е долгогодишно барање на пациентите кои боледуваат од оваа болест и ние сме среќни што ќе можеме конечно да работиме со овој апарат и да им бидеме од помош на пациентите кои имаат потреба од ова испитување“, нагласи директорката на институтот Јусуфи.

Атомската апсорпциска спектометрија е најсигурната метода за извршување на оваа анализа, која резултира со најголема точност и се совпаѓа со резултатите од странските референтни лаборатории.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска