Институтот за класични студиии одбележува 70-годишен јубилеј

Од:

На Филозофскиот факултет-Скопје денеска и утре ќе се одржува меѓународен научен собир по повод 70-годишнината од постоењето на Институтот за класични студии.

На меѓународната научна конференција „STUDIA CLASSICA ANNIVERSARIA ‒ 70 години од Институтот за класични студии“ ќе учествуваат повеќе од 40 гости од Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска, Швајцарија, Холандија, Словачка, Полска. Учесниците ќе презентираат различни теми од сите области на класичната филологија (книжевност, лингвистика, философија, историја, епиграфика, археологија).

Конференцијата ќе биде придружена со изложба на книги, поставена во аулата на Филозофскиот факултет.

Институтот за класични студии е една од првите наставно-научни единици на факултетот, кој почнал својата дејност во 1946 година како Семинар за класична филологија. Основач на Семинарот, а воедно и прв декан на Филозофскиот факултет во периодот 1946-49 година е професорот Михаил Д. Петрушевски.

Во 1956 година Семинарот прераснал во Катедра за класична филологија, од 1977 година со новиот Закон за високо образование, Катедрата за класична филологија е преименувана во Наставно-научна група за класични студии, а од 1988 година во Институт за класични студии, назив што го носи и денес.

Би можело да ве интересира

Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети

Почнува уписот на УКИМ, слободни над 9900 места за студенти во прва година

Упис на УКИМ на 29 и 30 август, слободни над 9900 места за студенти во прва година

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со македонисти од 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ

Предраг Петровиќ

На УКИМ слободни 9.921 места за упис во прва година во 2024/2025

Горан Наумовски

УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот