Институтот за човекови права најостро ги осудува инцидентите во и пред Собранието

Од:

Институтот за човекови права (ИЧП) најостро ги осудува вчерашните инциденти во и пред Собранието на Република Македонија и искажува жалење за атакот врз уставниот поредок на земјата со случувањата кои преставуваат застрашувачки преседан спротивен на основните принципи на правната држава и владеењето на правото.

– Уставот на РМ, како највисок правен акт, во членот 16 го гарантира слободниот пристап кон информациите, слободата на примање и пренесување на информации, а воедно во член 70 пропишува дека седниците на Собранието се јавни. Правото на слободен пристап до информации е загарантирано и во многу меѓународните документи. Деловникот на Собранието пак, поставува обврска за информирање на јавноста за работата на Собранието и на работните тела и пропишува можност граѓаните на Република Македонија да ги следат седниците на Собранието и на работните тела од галериите. Претставниците на средствата за јавно информирање, во согласност со прописите за внатрешниот ред на Собранието, можат да присуствуваат на седниците на Собранието и на седниците на работните тела заради известување на јавноста за нивната работа. Бруталното и неосновано отстранување на новинарите и снимателите од галеријата на собраниската сала од страна на службите за обезбедување вчера, е спротивно на демократските начела, се коси со домашниот правен поредок и меѓународните стандарди и всушност официјализира и одобрува цензура. Нивното отстранување следеше непосредно пред започнувањето на седницата на Собранието на РМ со што јавноста беше спречена да биде континуирано информирана за работата на Собранието, а со спречувањето на вистинито и објективно информирање од јавноста беа сокриени настаните кои следеа и кои особено ги засегаат сите граѓани. Недостојната слика на насилното отстранување на опозициските пратеници од собраниската сала која во крајна мера покажува непочит кон граѓаните на РМ кои ги изгласале тие пратеници е спротивно на начелата на демократијата, се вели во реакцијата.

Од ИЧП исто така се огорчени од начинот на кој беше применета сила од страна на припадници на обезбедувањето и на Министерството за внатрешни работи врз демократски избраните претставници на граѓаните.

– Плурализмот во едно општество дозволува да се применат разни форми изразување на сопствената мисла, особено кога станува збор за дебати и расправи за политиките на Владата и за прашања од јавен интерес, како што е носењето на буџет. За ИЧП е неприфатливо и спротивно на демократските принципи постапувањето на службите за обезбедување со кое се прекршени правaта на слобода на мисла и изразување, нарушен е личниот интегритет и ограничена е слободата на движење на пратениците, а воедно истите беа спречени да ги обавуваат своите работни обврски согласно Уставот, законите и Деловникот на Собранието. ИЧП го осудува навредливото и непримерно однесување на одредени претставници на законодавниот дом кое не доликува на улогата и функцијата која што еден пратеник треба да ја извршува во законодавниот дом и да претставува пример за граѓаните кои ги застапува, се вели во реакцијата.

ИЧП изразува сериозна загриженост и го осудува насилството и говорот на омраза присутни на вчерашните протести пред Собранието, како и воочената примена на несразмерна физичка сила над граѓани, селективно приведување и употреба на присилба или физичка сила врз двајца граѓани.

Извинувањето кон новинарите за нивното отстранување од Собранието во моменти кога се расправа за исклучително важни прашања, како што е Буџетот за 2013 година не е доволно и ИЧП бара од власта да ги утрвди виновниците за таквите случувања и истите да ја преземат одговорноста за тоа.

ИЧП ги повика институциите на системот најитно да покренат постапка заради целосно, ефикасно и детално утврдување на одговорноста и употребата на сила врз претставниците на законодавниот дом на РМ и бара да се утврди кој го издал овластувањето за употреба на физичка сила и која постапка е следена при примена на истата, како и да се утврди легитимноста, оправданоста и пропорционалноста при употребата на физичка сила против претставниците на законодавниот дом. Во спротивно, ќе се смета дека институциите на системот се користат исклучиво во насока на остварување на политички интереси на Власта, спротивно на интересите на граѓаните на РМ, правниот поредок и сите меѓународни инструменти кои кои Македонија ги има ратифукувано.

Би можело да ве интересира

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки

Собранието го донесе Законот за заем од 500 милиони евра од Унгарија

Пратениците ја почнаа расправата за заемот од Унгарија

Катерина Ѓуровски

Предлог-законот за заемот од Унгарија на пленарна седница

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта го турка коруптивниот Закон за кредит од Унгарија по секоја цена

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите