Институтот за белодробни заболувања во Козле ќе добие нов современ здравствен објект

Од:

Нов современ здравствен објект по најнови стандарди ќе биде изграден на местото на постоечкиот Институт за белодробни заболувања во Козле.

Инвестицијата изнесува над осум милиони евра, а планирано е изградбата да заврши за 24 месеци. Новата болница ќе биде опремена со 100 кревети, собите двокреветни и во секоја од нив ќе има тоалет.

– Ова е голем дел за македонското здравство затоа што освен Клиниката за гинекологија, која е изградена како нов објект во независна Македонија, ова е втор објект кој се почнува во независна Македонија. Идејата за оваа болница е таа да не биде само институт за белодробни заболувања, туку полека да прерасне во детска болница на секундарно ниво имајќи предвид дека Скопје има над 700 – 800 илјади жители и има потреба од ваква установа, изјави министерот за здравство Никола Тодоров, кој заедно со премиерот Никола Груевски присуствуваше на почетокот на градежните работи.

Додека се гради новиот објект, амбулантскиот дел на Институтот ќе биде преместен во Тафталиџе во близина на Институтот, а за време на рушењето на објектот е договорено сите пациенти да бидат трансферирани во Детската клиника.

– Имаме изготвено план за трансфер на пациентите за време на целата градба со интенција обемот на работа воопшто да не биде намален и да се одговори на сите здравствени потреби на кои одговараше оваа реномирана институција, нагласи министерот за здравство.

Потоечкиот објект е изграден во 1965 година и бил замсилен како времен објект за употреба од 10 до 15 години.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов

Ристески: Со одбивањето на амандманот од 20 милиони денари за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија, власта покажа дека е против здравјето и животите на тие пациенти