Институт „Павел Шатев“: ВМРО-ДПМНЕ со највисок рејтинг

Од:

ВМРО-ДПМНЕ има највисок рејтинг, а нејзиниот лидер и актуелен претседател на Владата Никола Груевски е политичар на кого граѓаните најмногу му веруваат. Ова го покажа најновата телефонска анкета на институтот „Павел Шатев“.

На прашањето доколку утре има парламентарни избори за која партија би гласале, најголем дел од анкетираните, односно 23,3 проценти одговориле за ВМРО-ДПМНЕ, 13,7 проценти за СДСМ, 7 за ДУИ, 4,3 за ДПА, 1,8 за НДП, 0,9 за ЛДП и 0,6 проценти за ВМРО-Народна.

На премиерот Никола Груевски му веруваат 24,8 проценти од анкетираните, на Бранко Црвенковски 7,4 проценти, на Али Ахмети 6,9 проценти, на Мендух Тачи 4 проценти, Руфи Османи 1,8 проценти и на Радмила Шекеринска 1,8 проценти. Најголем број од испитаниците, односно 29,3 проценти не му веруваат на ниеден политичар.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?