„Инста кафе“ и „Каса Кубана“ на кеј добија решенија за преземање мерки за намалување на бучава

Од:

„Инста кафе“, како најгласен во реонот и „Каса Кубана“, на кеј добија решенија за преземање на мерки за намалување на вредноста на ниво на бучава во животната средина. По добиените решенија, угостителите имаат законски рок од 8 дена да постапат по истите, информираат од Општина Центар.

Добиените решенија се во рамките на спроведените акции во реонот на Дебар Маало и Кеј „13 Ноември“ и мерењета на бучава од локалите, во текот на изминатите два викенди.

Од Општина Центар посочуваат дека редовните контроли на терен за мерење бучава од гласна музика од угостителски објекти од страна на овластените инспектори за животна средина од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар се одвиваат во континуитет, секој викенд од месец јули, во соработка со стручните лица од овластената лабораторија за животна средина „Еуромак контрол“.

Дополнуваат дека усна опомена за почитување на граничните вредности за бучава добиле локалите „Папилон“, „Локал 45“ и „Харт Бар“ и апелираат до сите управители и сопственици на угостителски објект во општината, да се придржуваат до постоечките правилници, да имаат обзир кон жителите кои живеат во непосредна близина на нивните локали и да се придржуваат до Законот за заштита од бучава во животната средина.

Во спротивно, како што велат, за сите измерени надминувања на граничните вредности на бучава, ќе се преземат законски пропишани мерки и ќе бидат изречени поригорозни санкции, во согласност со Законот за заштита од бучава во животна средина.

Би можело да ве интересира

Советот на Општина Центар ја повлече од дневен ред точката за таблет компјутерите на советниците

А1он

Завршува вториот дел од реконструкцијата на улицата „Народен Фронт“

Ана Ололовска

Општина Центар: Ниту еден друг советник освен Белчева Андреевска нема искористено никакви средства за патувања, ако е толку загрижена нека ги рефундира за компјутери

Ана Ололовска

Завршуваат третата и четвртата фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов“

Ана Ололовска

„Шанса за Центар“: Предизборно се планира приватизација на службените лаптопи, ексклузивитет за „Работнички“ и предизборни вработувања во Општина Центар

Ана Ололовска

600 првачиња ќе посетуваат настава со физичко присуство во Општина Центар

Ана Ололовска