Инспекторите влегоа на Гинекологија: Вонреден надзор поради случајот со родилката која скокна од прозор на клиниката

Од:

Во врска со случајот со родилката која скокна од прозор на УК за гинекологија, денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши вонреден инспекциски надзор.

Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на фактичката состојба, а по изготвување на извештајот од страна на ДСЗИ, јавноста ќе биде информирана.

Триесет и деветгодишната жена која синоќа се обиде да си го одзеде животот фрлајќи се од првиот кат на Клиниката за гинекологија два дена откако родила здраво машко дете, е во многу критична состојба на интензивна нега. Ова го потврди директорката на ГАК, д-р Викторија Јовановска.

– За жал пациентката е во многу критична состјба, сега зборував со директорката на КАРИЛ која е во моментов дежурна. Пациентката не сакала да го дои бебето, била лесно вознемирена, но тоа не е првпат да се случува– рече д-р Јовановска.

Во болницата била донесена во 36-та недела од бременоста. Било констатирано дека се работи за предвремено одлепување на постелката што ги загрозувало и мајката и детето и затоа била однесена во породилна сала и за 14 минути била породена со царски рез. Бебето е во добра состојба.

Во петокот, пациентката се пожалила на вознемиреност и извршен е разговор со клинички психолог. Вчера, пак, на утринска визита пациентката се пожалила на слична симптоматологија како и во петокот, при што дежурните лекари извршиле разговор со неа, ординирана е соодветна терапија и донесена е одлука, за подобра проценка на состојбата пред испис да се повика психијатар. Ноќта околу 21.30 часот пациентката преку прозорецот во ходникот направила обид за суицид, фрлајќи се од првиот кат.

Пациентката итно е пренесена на КАРИЛ во придружба на дежурната екипа, а немилиот настан е веднаш пријавен во надлежните институции кои излегоа веднаш на терен за разјаснување на случајот – образложи организацискиот директор на ГАК, Јетон Шаќири.

Би можело да ве интересира

Викторија Јовановска останува директорка на Клиниката за Гинекологија

Орце Костов

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он

Ќе се формира стручна Комисија за случајот со починатата родилка од Делчево

Раката на бебето повредено на ГАК е имобилизирана, првична проценка на Комисијата е дека нема стручна грешка

ВМРО-ДПМНЕ: Три скандали на Гинекологија за една недела, никогаш не било полошо

Почина родилка од Делчево на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје

Горан Наумовски