Инспекторите на Карпош во „битка“ со загадувачите

Од:

Вчеравечер, инспекцијата на Општина Карпош и комуналните инспектори, за време на вонредната контрола во доцните попладневни и ноќни часови во Злокуќани констатираа палење на секундарен отпад, што е еден од најчестите загадувачи на воздухот.

Имено, некаде околу 20.30 часот, при контрола на потегот, од крајот на булевар Илинден до СЦ „Борис Трајковски“, општинските инспектори забележале оган од спротивната страна на реката Вардар.

Поточно, на фудбалското игралиште во Злокуќани, нашите комунални инспектори придружувани од лица од МВР, констатирале палење на повеќе огнови во кои се гореле поголеми количини електрични кабли, со цел да се издвои бакарот од пластиката, кој пак потоа го препродаваат по отпадите.

Бидејќи станува збор за честа пракса на жителите од оваа месна заедница во Карпош, поттикнувачите на загадувањето биле легитимирани од страна на службените лица од МВР, за што ќе има соодветни санкции.

Општина Карпош за ова по службен пат ќе го извести Државниот инспекторат и Министерството за екологија со цел да се преземат сеопфатни и посериозни мерки против едени од најчестите загадувачи на воздух во Карпош.

Инаку попладневните и ноќните контроли на инспекцијата на Општина Карпош продолжуваат со засилено темпо и во наредниот период, со цел превентивно да се спречат ваквите еколошки инциденти.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски