Инспектори утре излегуваат во лов на лекари штрајкувачи

Од:

Од утре инспекции ќе хараат на клиника, за да ги бараат пациентите со кои на министерот Тодоров, барем малку ќе треба да му се исплати инаетот.

По повикот на Тодоров, на готовс се сите инспектори подготвени за инвазија на клиника и потрага по оштетени пацинети. По вчерашниот повик на Министерството за здравство да му се јават сите пациенти кои не добиле лекарска нега, се одзва и инспекторатот.

Државниот здравствен и санитарен инспекторат ги повика граѓаните да ги пријават случаите кога не добиле здравствена заштита во установите, а посебно тие со малигни заболувања кај кои била одбиена хируршка интервенција, а не ја добиле поради штрајкот на лекарите. Инспекторатот се закунва со мерки согласно законските норми и прописи во насока на заштита на животот на пациентите.

Лекарите кои вчера беа во огромен број ги отфрлија обвинувањата на Тодоров како смешни, и нагласија дека ниту бил одбиен итен случај ниту ќе биде одбиен во иднина.

Одлуките за тоа кој ќе биде опериран пред се ги носат дирекорите на клиниките. Дополнително, кој случај е итен за оперирање, а кој не е, се утрдува на стручен колегиум секојдневно со гласање, согласно знаењата и прогнозита на лекарите специјалисти дали некој пацинет треба или не во моментот да се оперира. Оттука, како и одлуката така и одговорноста, (доколку инспекторатот се разбира повеќе од лекарите) е колективна.

Излегувањето на терен на инспекторатот според лекарите е само дел од планот на министерот во координација со одредени медиуми да се направи спектакл и да се оцрнат во јаноста. Дополнително, со казни за одговорност кон „договорени пацинети“ се сака да се заплашат останатите лекари и да се престане со штрајкот.

Дали министерот ги потцени лекарите?

За него беа само 20 тина лекари кои штрајкуваат, а тој не можеше да ги види, а за премиерот неколку бадијалџии на кои не им се работи.

Сепак се повеќе изгледа дека освен министерот и тие во неговиот кабинет, сите други штрајкуваат или го поддржуваат штрајкот. Затоа и вчера илјада лекари го запоседнаа влезот на министерството за здравство и побараа оставка од него.

На штрајкот поддршка му дадоа десетина здруженија на пациенти, а освен сите здравствени установи го поддржаа и синдикатите на неколку министерства.

Од Синдикатот на Клинички денеска исто ги повикуваат пациентите да се јавуваат на истите броевите на Министерството за здравство кои вчера беа објавени и да пријават што се треба да трпат поради министерот. Тие и денеска предупредуваат дека не се плашат од Тодоров, ниту пак од некакви инспекции, зашто се чисти. На секакво сценарио и заплашувања-ќе одговорат соодветно.

Уверуваат дека доколку биде чепнат еден лекар, сите ќе дадат оставки на Клинички центар во ист момент, без лекар да остане. Тогаш велат, целосната одговорност за се што ќе се случува, пацинетите но и цела јавност ќе мора да ја побараат од министерот Тодоров.

Би можело да ве интересира

Продолжува штрајкот на специјализантите: „Нема желба од Владата да се решат нашите проблеми“

Орце Костов

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Над 40 камери прегледани и над 15 лица сослушани во врска со убиството на докторот во Железара

Предраг Петровиќ

Чолакова-Дервишова: Лекарите не се чувствуваат безбедно, сакаат построги казни за напад на здравствените работници

Чолакова-Дервишова: Лекарите не се чувствуваат безбедно, сакаат построги казни за напад на здравствените работници

Матичните лекари неколку часа нема да работат поради убиството на докторот во Железара