Инспектори од три министерства во Центар

Од:

„По налог на инспекцискиот совет, во петок, на 25-ти март,  инспектори од три министерства:  Mинистерство за информатичко општество, Министерство за култура и Државниот инспекторат за локална самоуправа, ќе  извршат координиран инспекциски надзор за, како што се вели во известувањето од Министерството за информатичко општество до општина Центар, постапувањето на општината по заклучок на Влада за организиран транспорт на три споменици на албанската култура од проектот “Скопје 2014“ од Виченца, Италија до Скопје.

Општина Центар од 1.1.2014, на барање на Град Скопје, им ги отстапи на чување, одржување, заштита и користење на спомен-обележјата од проектот “Скопје 2014”. Во одлуката се и трите споменика на албанските дејци: Неџат Аголи, Пјетер Богдани и Јосиф Багери.

Преку општина Центар, Министерството за култура има платено 60% за изработката на италјанската леарница. Според договорот, остатокот од 40% ќе се исплати по монтирањето на спомениците.

Постаментите за спомениците на Пјетер Богдани, во Жена Парк и за Јосиф Багери, пред новиот МНТ, се готови, додека местото за споменик на Неџат Аголи, според ДУП-от донесен од претходното општинско раководство, е предвиден на местото на зградата на Телеком.

Град Скопје, од страна на општина Центар, е известен дека пред зградата на Телеком не може да се гради постамент, бидејќи на таа локација веќе има подземни инсталации.

Сите споменици од проектот “Скопје 2014“, во последните три години, по доаѓањето на новата општинска власт,  беа поставувани од лица или институции без да биде информирана самата општина. Општина Центар ќе ги исплати резервираните средства кои што и’ беа префрлени од Министерството за култура, а Град Скопје ќе треба, согласно договорот со општина Центар, да се грижи и да ги одржува“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар