• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Инспекциска контрола во седум угостителски објекти во Кичево

by А1он18/01/2015 - 15:17131
Share0

Инспекторите на Управата за јавни приходи (УЈП) и Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во содејство со полицијата вчера извршиле контрола во седум угостителски објекти на подрачјето на Кичево, соопшти МВР.

Добивај вести на вибер

– Во кафе бар „Ериони” од страна на ДПИ изречена е глоба по основ на Законот за заштита од пушење во висина од 2.000 евра во денарска противвредност за правното лице и 300 евра за одговорното лице во правното лице, како и една глоба од 150 евра за едно физичко лице затекнато со цигара во локалот. Потоа во кафе бар „Бела Кула-Ком” од страна на ДПИ поради немање нормативи за храна и пијалоци изречена глоба од 1.200 евра на правно лице и глоба од 300 евра на одговорно во правно лице, а пак од страна на УЈП поради немање фискален апарат изречена е глоба од 3.250 евра во денарска противвредност (2.500 евра за правното лице и 750 евра за одговорното лице во правното лице), како и времена мерка – забрана за вршење дејност од 30 дена. Во кафетерија „Фиредевс-Трејд” исто така поради немање норматив за храна и пијалоци изречена е од страна на ДПИ глоба од 1.200 евра на правно лице и глоба од 300 евра на одговорно во правно лице а пак од страна на УЈП поради неводење книга за дневен финансиски извештај изречени се глоби од 2.000 евра за правното лице и 800 евра за одговорно во правно лице, се наведува во соопштението.

На подрачјето на СВР Охрид во изминативе три дена во Охрид, Струга Кичево и Дебар извршени биле контроли во 36 угостителски објекти при што во 11 од нив било констатирани неправилности од страна на УЈП и ДПИ. Биле изречени глоби во висина над 35.000 евра, а изречени се и шест времени забрани за вршење дејност, три од по 15 дена и три во траење од по 30 дена. На пет физички лица затекнати со цигари во локалите од страна на полицијата биле изречени глоби од по 150 евра.

ujp

Би можело да ве интересира

УЈП: Нулта толеранција за корупција, пресумпција на невиност за сите постапки

А1он17/01/2026 - 13:00

Финансиски криминал: 20 лица под истрага за штета од речиси пет милиони евра

Горан Наумовски16/01/2026 - 13:15

Деветмина осомничени „заработија“ мерки на претпазливост по акцијата поврзана со УЈП

Горан Наумовски16/01/2026 - 11:3316/01/2026 - 11:34

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Горан Наумовски15/01/2026 - 16:14

Стартува пилот фазата за проектот е-фактура

Катерина Ѓуровски01/01/2026 - 09:22

УЈП: Електронските услуги ќе бидат привремено недостапни до доцна попладне

Горан Наумовски30/12/2025 - 15:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен