„Инклузива“: Проблеми со остварување на правото на глас на лицата со попреченост

Од:

Претседателката на Здружението „Инклузива“ Благица Димитровска на заедничката прес-конференција со „Цивил“ изјави дека и за референдумот има проблеми со остварувањето на правото на глас на лицата со попреченост затоа што гласачките места не се пристапни.

– За првпат „Инклузива“ е акредитирана со 40 набљудувачи кои се распоредени во осумнаесет градови низ Македонија. Внимаваме да се подеднакво распоредени во рурални и во урбани средини и да бидат опфатени сите региони, посочи Димитровска.

Информираше дека околу 82 отсто од набљудувачите на Здружението се лица со попреченост, а останатите се нивни блиски.

– За првпат по наша препорака ДИК подготви граничник за потпишување на сите граѓани со посебен фокус на лица со попреченост. Во 60 гласачки места граничникот не се користи, наведе претседателката на „Инклузива“.

Таа посочи дека утрово, при референдумското изјаснување, еден набљудувач на „Инклузива“ од страна на претставник на МВР бил спречен да влезе на избирачко место. По 15 минути е пуштен.

– Има неколку лица кои не се најдени на избирачкиот список. Претпоставуваме како Здружение дека во меѓувреме им е одземена деловната способност и се избришани од гласачкиот список, што е невидена дискриминација во нашата држава.

Би можело да ве интересира

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Референдум во Република Српска на 25 октомври

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО