ИНКЛУЗИВА: Констатирани многу проблеми што го спречуваат учеството на лицата со попреченост на избори

Од:

Многу проблеми, тешкотии и ограничувања ги спречуваат лицата со попреченост да учествуваат во изборните процеси на еднаква основа со другите, што придонесува овие лица да бидат најподложни на дискриминација и стигматизација, непочитување и кршење на нивните освнови права и слободи, се констатира во Извештајот за мониторингот на Претседателските избори во 2019 година спроведен од страна на набљудувачи со попреченост.

Во овој Извештај се констира дека изборното законодавство не е усогласено со Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, дека е тоа рестриктивно во одност на остварувањето на избирачкото право за овие лица, оти многу од избирачките места се непристапни за лицата со попреченост, како и дека во најголем дел медиумите за изборите не информираат на јазик и начин достапен и за лицата со попреченост.

Од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА, кое и го изготви Извештајот, велат дека избирачките одбори немаат доволно вештини за поддршка на овие лица на самите избирачки места.

Благица Димитровска, претседателка на ИНКЛУЗИВА истакна дека како здружение препорачуваат Владата да преземе мерки за усогласување на законодавството со Конвенцијата на ОН, да се направат измени во Изборниот законик за обезбедување право на глас на лицата со попреченост кои живеат во установи или центри за рехабилитација, во местото на живеење, како и да се воведе критериум за пристапност до објектите каде се организира гласање. Се бара и веб страницата на ДИК да биде достапна за лица со попречености, да се направи едукација на избирачките одбори во однос на правата на лицата со попреченост, а ДИК да воведе посебна евиденција за овие лица како гласачи.

За целосно учество на лицата со попреченост во изборниот и воопшто во политичките процеси од ИНКЛУЗИВА сметаат дека треба да придонесат и политичките партии кои, како што велат, треба да ги направат своите програми, но и материјалите од кампањите достапни за овие лица, како и да преземат мерки за поголема соработка со граѓанските организации на лицата со попреченост.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски, кој присуствуваше на презентацијата на Извештајот, истакна дека во текот на последниот изборен процес за време на претседателските избори што се одржаа годинава била унапредена сотаботката со ИНКЛУЗИВА со цел унапредување на избирачките права на лицата со попреченост.

– Извештајот е слика за тоа како ИНКЛУЗИВА ги виде тие претседателски избори, начинот на функционирање на изборните органи, сите позитивни, но и сите негативни страни во изборниот процес, кои ние како ДИК сакаме да ги чуеме и во идните циклуски кои треба да ди подготвуваме на некој начин да ги подобриме, се разбира во нашиот дел на спроведување и организација на изборите, рече Дерковски.

Секако, додаде тој, на ваков начин сакаме да дадеме придонес и да им помогнеме на лицата со посебни потреби да го остварат своето право на глас. ДИК, рече Дерковски, и натаму ќе има работи на подобрување на условите за поголема вклученост на лицата со попреченост со цел тие потполно да го остварат своето право на глас и учество во сите политички процеси.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар