Иницијативен одбор за вонреден конгрес: Со Мицкоски, СДСМ може да биде сигурен дека ќе продолжи да победува на изборите

Од:
Со Христијан Мицкоски на чело на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ може да биде сигурен дека нема да има сериозна опозиција и ќе продолжи да победува дури без да имаат противник на изборите, сметаат од „Иницијативата за Конгрес“, откако, Извршниот комитет на партијата одлучи да не предложи кандидатури за предвремените локални избори во Пласница и Штип.
„Со Христијан Мицкоски на чело на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ќе останат разочарани и без алтернатива која ќе биде коректив на лошите политики на власта. Со Христијан Мицкоски на чело на ВМРО-ДПМНЕ партиските членови ќе останат без никаква заштита и без перспектива за добивање на можност да се освои власта. Со одлуката за бојкот на изборите, сеуште актуелниот претседател Мицкоски му обезбеди уште една победа на Зоран Заев. Без борба тој му го предаде Штип кој беше вмровски бастион во источна Македонија. Со одлуката за бојкот, Мицкоски сака да се теши себеси дека не бил поразен, но факт е дека заради него СДСМ ќе однесе уште една победа. Јасно е дека не станува збор за некаков страв од пандемија, туку станува збор за страв од уште еден пораз на Христијан Мицкоски. Тој ги знае анкетите и знае дека тоа што нема став по важните прашања се одразува катастрофално по неговиот рејтинг и рејтингот на партијата“, стои во реакцијата од „Иницијативата за Конгрес“
„Христијан Мицкоски нема капацитет да го поведе ВМРО-ДПМНЕ во победа и сосема беше очекувано дека ќе избега од изборно соочување. На него не му е важно што членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ во овие три години се постојано шиканирани, напаѓани, бркани од работа. На него не му е важно што штипјани не видоа ништо добро од локалните власти кои со мал прст не мрднаа за градот. Да му беа важни, Мицкоски ќе излезеше на избори и ќе докажеше дека ВМРО-ДПМНЕ може многу подобро да раководи и управува. Да му беше важно ќе предложеше сериозен кандидат, а немаше да предлага да се продолжи мандатот на вд градоначалникот од СДСМ. Да беше искрен во наводната загриженост за пандемијата , ќе предложеше дополнителни протоколи , а токму заради тоа и го именуваше инфектологот Вело Мрковски кој е член на ИК. За жал играта е иста како за предвремените локални избори. Тој беше загрижен се до моментот додека не се согласи за датум на избори. После во цела кампања ниту еднаш не го спомна корона вирусот. После денешното исплашено соопштување на одлуката донесена пред три дена е јасно дека вонреден конгрес мора да има и ќе има. Основната обврска и цел на секој лидер е да ја изнесе партијата на избори и да победи. Бегањето од избори не е лидерство ! Бегањето од избори не е вмровски ! Бегањето од изборите во Штип е откажување и од граѓаните и од партиските членови во Штип!“, се додава во неа.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски