Иницијативата „За заедничка Македонија“ бара средба со Хан

Од:

Во пресрет на посетата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на Република Македонија, припадници на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска симболично го означија просторот пред седиштето на Делегацијата на Европската унија со црвено-жолтата боја.

Членот на граѓанската иницијатива Игор Дурловски изјави дека ќе побараат средба со Хан на која ќе ги изнесат нивните барања.

– Ние сме реалност, никој не смее, не треба и не може да ги игнорира 200 илјади граѓани кои секојдневно протестираат. За жал, ЕУ засега покажува игнорантски однос кон нас, но истовремено и кон граѓаните на Република Македонија. Порачуваме дека нема да дозволиме влада која ќе работи според платформа подготвена надвор од Македонија, под покровителство на странски премиери. Кој било да биде избран за претседател на Собранието бараме целосно да ја отфрли платформата бидејќи со неа ќе имаме двонационална и федерална држава за сметка на унитарна и граѓанска Македонија, истакна Дурловски.

ЕУ почива врз еднаквост, слобода и солидарност, посочи Дурловски и порача дека тие принципи треба да важат поденакво за сите граѓани во Македонија.

– Интеграција наместо лажна надеж и извесност наместо неизвесност, бараме господинот Хан да се сретне со нас за да може да му ги претставиме нашите цели и барања кои се фиксни и непроменливи. Нивното игнорирање и игнорирањето на нашите барања може да создаде само дополнителни ризици. Ако ЕУ е за почитување на граѓанското општество тогаш треба да покаже дека декларативните заложби не се само флоскули, туку треба да превземе конкретни дела, а за почеток може да прифатат средба со нас. Игнорирањето од страна на Хан ќе го сметаме за неискрен однос и приказ за недобри цели и намери на ЕУ кон Република Македонија, рече Дурловски.

Би можело да ве интересира

Шест месеци казна затвор за напаѓачот на новинарската екипа на А1он

Ана Ололовска

„За заедничка Македонија“ го оспори изборот на Талат Џафери пред Уставен суд

Ана Ололовска

Дамовски се заканува дека ќе ги извадат пратениците од Собрание

А1он

Автобуси на ЈСП носеа демонстранти во Скопје

Наум Локоски

(ВИДЕО) Јанко јади бурек: Излези на протест или затни ја муцката

Ана Ололовска

АНАЛИЗА: Кога политиката влегува низ врата – образованието бега преку прозорец!

Ана Ололовска