Иницијативата за референдум против законот за учебници неуредна – заклучи собраниската комисија

Од:

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска на седница заклучи дека иницијативата за распишување референдум за одлучување на државно ниво доставена преку граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ е неуредна зашто не е поднесена во форма предвидена во членовите 66 и 70 од Законот за референдум. Заклучокот ќе му биде доставен на претседателот на Собранието, а иницијаторите може повторно да поднесат барање во законодавниот дом.

-Потписите не се собрани пред овластена институција – подрачните единици на Министерството за правда, каде што во работно време треба да се потпишат и треба печат од институцијата. Тоа е процедурата – на таков начин треба да се соберат 100 потписи. Кога ќе биде уредна иницијативата, треба да ја поднесат во Собрание и во рок од два дена Комисијата за политички систем и Законодавно-правната комисија треба да донесат одлука за уредноста. Доколку е уредно поднесена, постапката продолжува понатаму – двете комисии упатуваат извештај до претседателот на Собранието, изјави пратеничката Соња Мираковска, претседателка на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Појасни дека иницијативата потоа треба да се потврди со 10 000 потписи по што надлежните органи треба да распишат референдум на државно ниво.

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ со овластениот претставник Драгана Спасевски доставила иницијатива за референдум со околу 500 потписи.

Мираковска додаде дека бројот е во ред, дека дури и не треба 500 туку се доволно 100 потписи, но тие да бидат уредно собрани, посочувајќи дека се работи за формална постапка за распишување референдум која треба да се испочитува.

По заклупокот за неуредност на иницијативата, следен чекор на матичната комисија е да го информира претседателот на Собранието.

– Тој ќе ја отфрли како неуредна, а во исто време тие може да соберат веќе 100 потписи пред одделенијата на Министетството за правда и повторно да ја понесат во Собранието. Во рок од два дена ние ќе донесеме одлука ако уредно достават, рече Мираковска.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски