Иницијативата „Бојкотирам“ на Инстаграм поставуваше слики од граѓани како гласаат на Референдумот

Од:

Од иницијативата „Бојкотирам“ на својот инстаграм профил во текот на вчерашниот ден, додека траеше гласањето за референдумот поставуваа слики од граѓани како одат на гласање и како гласаат на изборните места иако тоа е спротивно на законот.

Под фотографиите на кои јасно се гледаат лицата на граѓаните кои излегле на гласање пишува „препознај си го комшијата“ и „северџани“ како и името и презимето на еден од гласачите.

Објавувањето фотографии на гласачи е противправно дејство кое го нарушува процесот на гласање и претставува попречување на правото на гласање. Секое сликање или снимање на гласачи при остварување на нивното право, како и какво било попречување на гласањето и процесот на спроведување на референдумот не се дозволиви согласно со закон.

Од комисијата за следење евентуални противправности сторени при организирањето и спроведувањето на референдумот при Јавното обвинителство на РМ непосредно пред изборниот молк известија дека дејствијата од ваков тип во текот на процесот на гласање ќе бидат предмет на приоритетно постапување на обвинителството.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Референдум во Република Српска на 25 октомври

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО

ДУИ: Граѓанската иницијатива „Бојкотирај ги маркетите“ сега се шири и во Македонија