А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Иницијатива за забрана на пластични кеси

by А1он14/11/2020 - 09:45603
Share0

Група еколошки активисти формираа Иницијатива за забрана на пластични кеси. Екологистите поддржувачи на Иницијативата бараат од надлежните без одлагање да донесат законска одредба за забрана на пластичните кеси за пазарење и да воведат нови, вистински биоразградливи, според европските стандарди, а истовремено, кај потрошувачите да се поттикне создавањето навика за користење на платнени торби за повеќекратна употреба.

Добивај вести на вибер

– Забраната на дел од пластичните кеси е мерка за која сегашната Влада изрази намера да ја реализира. Забраната ќе се однесува на пластичните кеси што не се биоразградливи, додека во промет би продолжиле да се пуштаат биоразградливи пластични кеси при што нивната цена би се зголемила на 10 денари, велат од Иницијативата.

Укажуваат дека од надлежните било најавувано дека овие мерки, предвидени со новиот закон за управување со пакување и отпад од пакување, ќе стапат на сила на 1 јануари 2021 година.

– Јануари се ближи, а овие мерки не се спроведени. Не само што новиот закон не е усвоен, туку е уште една фаза поназад, односно не е ни испратен до Собранието на усвојување. Новиот состав на Собранието веќе е конституиран, новата Влада е избрана и веќе работи. И покрај неопходните итни мерки што треба да се преземат во однос на пандемијата со ковид-19, сметаме дека е неоправдано во недоглед да се одолговлекува забраната на пластичните кеси која беше најавена за 1 јануари 2021 година, наведуваат од Иницијатива за забрана на пластични кеси.

Посочуваат дека во меѓувреме, количеството пластични кеси останува екстремно високо. Според некои податоци, кај нас секоја година се користат половина милијарда пластични кеси. Откако еднократно ќе се искористат, тие завршуваат на депониите, каде што се горат, при што го загадуваат ионака загадениот воздух, или се фрлаат по улиците. Така, не само што ја нагрдуваат нашата околина, туку и често завршуваат во водните текови каде што го трујат живиот свет што ги консумира, мешајќи ги за храна, нарушувајќи го синџирот на исхрана што несомнено се одразува и на квалитетот на живот.

– Се може без пластични кеси! Бараме од Владата под итно да го заврши она што го најави. Бараме во промет да се пуштаат единствено биоразградливи пластични кеси за пазарење, кои ќе ги исполнуваат еколошките стандарди, се вели во во соопштението од Иницијатива за забрана на пластични кеси.

ekoplasticni kesi

Би можело да ве интересира

Зегин со свој придонес во големата еко акција „Скопска Црна Гора ја поздравува пролетта”

Ана Ололовска21/03/2022 - 10:4421/03/2022 - 10:44

Нема веќе бесплатни пластични кеси

Катерина Ѓуровски01/12/2021 - 07:5501/12/2021 - 08:10

Од среда почнува забраната за пластични кеси

Катерина Ѓуровски29/11/2021 - 11:35

Од 1 декември само биоразградливи кеси кои ќе чинат 15 денари

Катерина Ѓуровски04/10/2021 - 12:5404/10/2021 - 19:03

Акција за чисто Маврово и Мавровско езеро

Ана Ололовска07/06/2021 - 12:25

Национална еко акција „Генералка викенд“ за позелена татковина

Ана Ололовска07/05/2021 - 10:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен