Иницијатива за враќање на падарската служба во Кавадарци

Од:

Да се вратат падарите како чувари на земјоделските имоти, е целта на Иницијативата за враќање на падарската служба во Кавадарци. Поранешниот раководител на овој сервис на земјоделците, Трајко Тасев денеска за МИА информираше дека ја подготвуваат целокупната документација во врска со оваа иницијатива, која ќе ја достават до кавадаречкиот градоначалник и Советот на општина Кавадарци, но и до надлежни државни органи.

Сакаме да ја вратиме службата која некогаш со седум падари за одредени реони, се грижеше за имотите на земјоделците. Затоа што во нејзино отсуство, изминативе години, според нашите сознанија, се зголеми бројот на кражбите на земјоделски производи и полски куќички, соопшти Тасев.

Според него, се уште се размислува околу финансирањето на службата. Најверојатно, иницијаторите за враќањето на падарската служба, ќе побараат таа да се финансира од три извори. Дел од државата и од општината, а дел од самите земјоделци.

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак