Иницијатива за враќање на името на улицата „Маршал Тито“ во Кочани

Од:

Во Кочани во тек е постапка за враќање на поранешното име на улицата “Маршал Тито“, за што иницијатива до Советот на општината поднесе Здружението на граѓани „Јосип Броз Тито“.

Од локалната самоуправа на Кочани потврдија дека слично писмено барање испратила и советничката група на СДСМ, а со оглед на законската обврска, била побарана согласност од Владата од каде е добиен позитивен одговор.

– Мислам дека членовите на Советот воопшто не треба да се колебаат во врска со нашата иницијатива и да ја разгледаат на првата наредна седница. Очекуваме дека ќе донесат правилна одлука и ќе го вратат името на улицата што пет децении го носеше името на нашиот патрон и претседател на поранешната заедничка татковина, во која македонскиот народ конечно ја оствари вековната желба да добие своја држава, истакна Трајан Трендов, претседател на Здружението „Јосип Броз Тито“.

Комисијата за култура, образование и спорт на општина Кочани неодамна ја разгледуваше предлог – листата за именување на десет улици, при што беше прифатен предлогот две од нив да ги добијат имињата на поранешните претседатели на РМ Киро Глигоров и на бивша СФРЈ Јосип Броз Тито.

Името на улицата „Маршал Тито“ во Кочани беше променето во „ВМРО“ пред четири години, за што одлука донесе тогашното мнозинство на Советот на општината.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот