Иницијатива за спас на градскиот парк во Кавадарци

Од:

Група граѓани на Кавадарци поведоа иницијатива за спас на градскиот парк. Носителите на ваквата иницијатива за МИА појаснија дека станува збор за самоиницијативна граѓанска група која се залага и се бори за зачувување и заштита на најубавиот предел во градот. Се надеваат на голема поддршка од кавадарчани и слух од градските власти, за, како што рекоа, белите дробови на градот.

– Градскиот парк претставува природно богатство што мора да го зачуваме и негуваме. Сакаме да го направиме нашиот град подобро место за живеење. Да го спасиме од целосно уништување белегот на градот и неговата единствена светла точка. Сведоци сме на никнување на станбени згради и пристапни патишта до истите, со чија градба трајно се уништува зеленилото и се нарушува мирот и спокојството на граѓаните, кои ги користат благодетите на паркот. Сакаме да им порачаме на градските власти, дека ваквата тенденција не смее да продолжи. Градскиот парк не треба да биде градежна зона, туку катче за рекреација, бели дробови на градот, односно да ја задржи својата првобитна намена и цел. Стоп за неконтролираните градби и за бесрамното уништување на паркот, повикаа носителите на оваа иницијатива

Тие нагласуваат дека секојдневно се во него, а според нив, а тој никогаш не бил во покатастрофална положба како овие пет-шест години.

– Целта ни е паркот да не биде градежна зона како што тргна работата, урбаната опрема е најмал проблем, тоа е надоместливо. Но, ако се исечат 50-60 летни дрвја тука веќе нема повраток. Ете пробија и улица за потребите на новата станбена зграда што никна, реагираа од Иницијативата за спас на градскиот парк во Кавадарци, еден од најубавите во Македонија.

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Братоубиство во Кавадарци, предложен притвор за сторителот

Кавадарчанец си го убил братот па го закопал во помошен објект од заедничката куќа

Горан Наумовски

Ден по смртта на тригодишно дете: Вонреден инспекциски надзор во болницата во Кавадарци

Ќе се прави вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци

Горан Наумовски

Родителите на момчето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники се сомневаат во можна лекарска грешка

Горан Наумовски

Пешак туркал тротинет, удрил во возило и се повредил