Иницијатива за отворање на Дом за стари лица во општина Новаци

Од:

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски и претседателката на Организација на жени-Битола, Светлана Петковска денес во општина Новаци ја промовираа иницијативата за отворање старски дом.

Објектот ќе биде отворен во постоечката стара амбуланта на излезот од Новаци кон РЕК Битола.

– На барање на жителите на општина Новаци во соработка со Организација на жени започнуваме постапка за отворање старски дом. Објектот е во наша сопственост кој ќе биде издаден на долгорочна концесија или пак под закуп за оваа намена се со цел да се задоволат барањата на нашите жители, истакна Котевски.

Средствата за отворање на старски дом ќе се обезбедат со аплициран проект до ИПА фондовите, а ќе се користат и привилегиите што ги нуди Владата на Република Македонија, беше истакнато на денешната промоција во Новаци.

Би можело да ве интересира

Обезбедени негуватели за старите лица од општина Кисела Вода

А1он

Почна вакцинирањето во домовите за стари лица низ САД

Жарко Настоски

Потребна е зголемена интеграција на старите лица во општеството

Ана Ололовска

Недела на грижа за стари лица

Ана Ололовска

Доделување сертификати за негувателки на стари и немоќни лица

Ана Ололовска

Саити: До 2050 во Македонија стари ќе бидат 33 проценти од населението

Ана Ололовска