Иницијатива за изградба Меморијален парк „Еврејски гробишта“ во Битола

Од:

 Израелскиот амбасадор Дан Оријан во придружба на Тамара Тачлер, регионален советник за меѓународни проекти од сферата на културното наследство во Израел и професорот Рам Аврам Шоеф од Универзитетот Бар Илиан во Тел Авив, денеска во Битола ги посетија Еврејските гробишта и извршија увид на проектот за изградба на Меморијален парк „Еврејски гробишта“, инициран од битолското здружение АРХАМ.

За време на посетата во Битола, амбасадорот Оријан истакна дека за реализација на идејата и иницијативата запознати се три владини министерства и локалната самоуправа, а поддршката, како што рече, го охрабрува да се интезивираат активностите за овој голем проект.

– За овој проект има интерес и во Израел бидејќи освен универзитетските центри поддршка даваат непрофитни организации. Стручните лица од Израел веќе извршија увид на реалната состојба, а неодамна беа и во Сараево. Наскоро ќе ангажираме и стручњаци од Велика Британија и САД, ќе доминираат млади луѓе кои сакаат да се дружат со младите од Битола, рече амбасадорот Оријан.
Тој нагласи дека веќе е договорено во текот на декември во Битола да донесе група млади од Израел кои ќе бидат амбасадори низ светот, како и група ветерани т.н. „40+“ кои ќе им помагаат на младите од двете држави. 

Според проектната иницијатива, Еврејските гробишта во Битола ќе прераснат во Меморијален парк со целосна обнова на гробовите и надгробните споменици и спомен плочи, а ќе бидат засадени и дрвја во спомен на сите депортирани Евреи од Битола.

– На Еврејските гробишта во Битола пристигнавме со стари фотографии од битолски семејства кои сега живеат во Израел. На овие гробишта има многу надгробни плочи кои ќе бидат обработени со големо внимание. За само два часа забележавме неверојатни работи напишани на хибру и ладино јазикот на сафардите од Битола. Тука има многу тајни кои говорат за животот на Еврејската заедница во овој град, нагласија Тачлер и Шоеф, експерти од Израел.

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција