Инфраструктурни интервенции на повеќе локации во Крива Паланка

Од:

Локалните власти на општина Крива Паланка ги финишираат неколкуте инфраструктурни зафати.

Завршена е реконструкцијата на локалниот пат во село Конопница, од постоечкиот асфалт до месноста Крст. Долж делницата од 1 километар изградени се одводен канал, сливници и напречни пропусти. Поставен е нов асфалтен слој на локалниот пат Крива Паланка – село Луке и извршена е замена на делови од оштетениот коловоз од Крстов Дол до училиштето во селото. Асфалтирано е спортското игралиште во склоп на ПОУ „Јоаким Крчовски“ во село Жидилово. Покрај завршените градежни зафати, во тек се инфраструктурни интервенции на уште неколку локации во градот.

Во коритото на Крива Река се гради пешачки мост кој ќе ги поврзе спортските содржини на двата брега на реката, ролерско-велосипедската патека и спортскиот комплекс кај градскиот стадион.

На патот кон село Станци се врши врши делумна санација на свлечиштата за да се обезбеди добра проодност на патот, а се работи и на една делница од патот кон село Метов каде има поголемо свлечиште. Исто така се чистат банкините на патот и одроните на делот од коловозот.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски