Информација за платено политичко рекламирање на СДСМ во кампањата за локалните избори

Од:

„Водејќи се од воспоставениот принцип на отчетност, одговорност и транспарентност, ја инфомираме јавноста дека за време на кампањата за двата круга на локалните избори, коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се рекламираше на повеќе национални, регионални и локални телевизии.

Во рамки на платената политичка програма, на националните телевизии, СДСМ и коалицијата застапена е со:

Вкупно 49.899 секунди платена политичка програма во двата изборни круга на Телевизија 24, што во вкупен износ, согласно објавениот ценовник на медиумиот би изнесувало:73.602 евра.

Вкупно 35.463 секунди во двата изборни круга на Канал 5 што во вкупен износ, согласно објавениот ценовник на медиумиот би изнесувало: 106.389 евра.

Вкупно 32.974 секунди во двата круга на Телевизија Сител, што во вкупен износ, согласно објавениот ценовник на медиумиот би изнесувало: 155.637 евра.

Вкупно 27.447 секунди платена политичка прорама во двата изборни круга на Телевизија Алсат М, што во вкупен износ, согласно објавениот ценовник на медиумиот, би изнесувало: 71.249 евра.

Вкупно 19.825 секунди платена политичка програма во двата круга на Телевизија Телма, што во вкупен износ, согласно објавениот ценовник на медиумиот, би изнесувало: 93.578 евра.

СДСМ и коалицијата се рекламираше и на неколку регионални и локални телевиизии, радио станици, интернет портали и печатени медиуми.

Напоменуваме дека информациите што се појавија во одредени медиуми околу издвоените средства за медиумско рекламирање на СДСМ во предизборната кампања се однесуваат на доспеани и платени фактури до периодот за којшто се однесува поднесениот финансиски извештај доставен согласно законските прописи.

Вкупните трошоци за време на кампањата како и за платената политичка програма, согласно законот, ќе бидат наведени во финанскиот извештај којшто ќе го опфаќа целиот период, до завршување на кампањата односно до затворање на сметката.

Во сличен сооднос СДСМ и коалицијата емитуваше платена политичка програма на националните, регионалните и локалните телевизии, како и на радијата, интернет порталите и печатените медиуми и за време на последните парламентарни избори во 2016 година“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски