Инфоцентарот во Паркот на револуцијата во Прилеп под клуч

Од:

Пред неколку денa,по повод одбележувањето на државниот празник 11 Oктомври, Паркот на револуцијата беше збогатен со нова содржина – Инфоцентар,со цел промоција и развој на туризмот во Прилеп за да им се понуди помоши услуги на  домашните и на странските туристиод областа на туризмот.

info-prileps (1)

Инфоцентарот воедно е проект на Владата на Р. Македонија,а локацијата, како што беше потенцирано, е избрана поради фреквентноста и посетеноста на Паркот на револуцијата.Меѓутоа, и покрај тоа, денес Инфоцентарот беше под клуч.Не се познати причините зошто новотворениот Инфоцентар денес не работеше.

info-prileps (3)

Локалната самоуправа постепено ги реализира предвидените проекти што одамна требаше да бидат завршени на Паркот на револуцијата.Еден од тие проекти е изградбата на скејт-парк. Ни трага ни глас од неговата изградба пред спортската сала Македонија.И по 10 месеци, на површина од 1331 м2 предвидена за реализација на овој проект, се простира празна ливада.Скејт-паркот требаше да биде готов уште пред неколку месеци, но сѐ уште нема никакви активности во врска со реализацијата на овој проект.

А.Ш.

 

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај