Инфлацијата беснее а Владата на Мицкоски без никакви мерки прави статистички спинови, велат од СДСМ

Од:

Реалната инфлација во земјата е 4% а владата со денешната објава на Државниот завод за статистика, се обидува со статисчки спинови манипулативно да ги прикаже како -0.2% споредувајќи само месец со месец. Додека трошоците растат и граѓаните секој ден плаќаат поскапо, владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ја замачкаат реалноста со статистичка финти и спинови, велат од СДСМ.

„Мора да престане манипулацијата со моделот „месец спрема месец“. Тој модел создава лажна слика и ја прикрива вистинската состојба: цените растат, а животниот стандард опаѓа. Фактите се јасни. За 9 месеци 2025 година инфлацијата е 4%, споредбено со 9 месеци во 2024 година.

Во јуни владата се фалеше со инфлација од 0,8 проценти во однос на мај, додека вистината беше 4,5 проценти годишно и 3,8 проценти кумулативно. Токму таму каде што најмногу боли, во потрошувачката кошница, храната и безалкохолните пијалоци поскапеа за 6,3 проценти годишно, а цените во рестораните и хотелите се зголемија за 7,6 проценти годишно и дури 10,4 проценти кумулативно. Во август повторно истиот ПР трик, инфлација од 0,2 проценти месечно, додека реалноста покажува 4,4 проценти годишно, храната 6,2 проценти, а во рестораните и хотелите цените се зголемија за 8,6 проценти кумулативно.

Ова што се објавува не е статистика, ова е политичка манипулација со поскапувањата кои граѓаните секој ден ги чувствуваат. Месечната промена не ја покажува реалната цена што ја плаќа секое семејство, затоа што вистинската слика за растот на трошоците ја даваат годишните споредби и кумулативната статистика. Сè друго е обид вистинските поскапувања да се поттурнат под тепих со лажни наслови кои содржат зборови како „нула“. Ако Државниот завод за статистика повторно го сервира моделот „месец на месец“ како главна вест, тоа значи свесно покривање на поскапувањата и пи-ар служба на Владата. Граѓаните не живеат од статистички спинови, туку од она што им останува во паричникот по сите трошоци, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите