Индијците најзаинтерсирани за потенцијалите на Галичица?

Од:

Претставници на „Сахара груп“ сопственост на индискиот милијардер Субрата Рој кои деновиве се во Охрид, особен интерес пројавиле за Националниот парк Галичица. Се интересирале дури и за најситни детали за Галичица.

Со хелихоптер двапати ја обиколиле планината, а изразиле желба да се искачат со џип и до самиот врв. Ова го потврди и директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо. Тој сепак рече дека е рано да се зборува за детали и во што точно индијците би инвестирале во Македонија. Го испитуваат теренот но многу подетално од првиот пат.

Индијците се посебно воодушевени од Галичица. Двапати ја прелетавме со авион, планираме да одиме и со возило а сакаат да се качат и до врвот каде ќе извршат директно снимање на теренот. Се интересираа детално за Галичица. Прашуваа колку снег има во зима, до кога се задржува, дали цело време се гледа снежна покривка на планините околу езерото. Им дадовме слики и од Галичица. Им кажавме дека од ноември до средината на април се е бело, а шарено е од април до почеток на јуни и тоа беше она што нив ги интересираше. Од тоа се многу инпресионирани дека има езеро а на околните планини може да се види снег, додека се друго е зелено. Кажаа дека Галичица им била слична со некои северни делови на Индија под Хималаите и правеа некои такви првични споредби. За Галичица треба да се види кои се сите можности и потенцијали. Да се испита детално теренот иако имаат добиено бројни информации за климата за врнежите изминативе пет години, температута на воздухот. Тоа им е важно за да се вклучат во целиот процес на анализа“, рече Мизо.

Тој додаде дека се интересирале и за изградба на голф терени, хотелски каапацитети, како и за рудните потенцијали. Во Охрид деновиве се присутни педесет луѓе на Сахара груп меѓу кои има и претставници на компанијата од Англија, консултанти за голф терени, филмска индустрија и други области како и главните луѓе за корпоративна стратегија и развој во Сахара груп. Преставници на филмската индустрија ќе направат снимање на регионот на Охрид и Преспа со цел да утврдат кои се потенцијалите на овој крај за снимање на филмови.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on