Индијци ќе градат универзитет и студентски град крај Велешко Езеро

Од:

Студентски кампус, во кој ќе има училиште за средно образование, универзитет, колеџи за професионално образование, како и образовни програми за корпорациска обука, сакаат да градат индиски инвеститори крај Велешко Езеро, објави Плусинфо.

Претставници од индиската корпорација „ЦЕЛ Глобал“, веќе неколку пати беа во посета на локацијата кај езерото Младост каде што треба да никне балкански образовен кампус.

Во интервју за Лидер, Амреш Чандра, директор на компанијата, зборува и за изградбата на градинка во Капиштец, но и за изградба на средно учлиште во Скопје, како и зошто се одлучил да инвестира во образовниот систем во земјава.

– Целта е да создадеме еден кампус, студентски универзитетски кампус каде што ќе се одвива целиот образовен циклус. Кампусот ќе содржи училиште за средно образование, универзитет за високо образование, колеџи за професионално образование и други образовни програми како на пример, професионален развој, корпорациска обука и други. Кампусот е поделен на два дела – едниот за учење, каде што ќе се следат сите образовни програми и кампусот за живеење со два вида простори за живеење – еден за студентите и друг за професорите. Се одлучивме за Велес, затоа што, ако ги погледнете сите големи образовни кампуси во светот, ќе сфатите дека мошне битно е присуството на езеро во близина. Го избравме и затоа што е многу блиску до меѓународниот аеродром, 15-20 минути возење до Велес, 35 минути возење до Скопје, а и локацијата е уникатна -мирна и тивка, добра за развој на студентски кампус. Идејата е да го изградиме проектот и да го популаризираме преку роудшоуа во Англија, Америка. Нашата идеја е со сите рокови, до крајот на 2013 да ни се пријават првите неколку универзитети и заинтересираните за инвестирање, за некои делови да профункционираат пред септември 2014 година – вели Чандра.

Тој вели дека македонските универзитетски професори се многу квалификувани, но сепак ќе се работи на нивна дообука.

– Што се однесува до кадарот, потребни се професионалци кои ќе ги донесеме во јуни од Англија и од Канада, за обука на македонските професори. Исто така, сериозно размислуваме и за професионални обуки во Англија, односно да спонзорираме овдешни професори кои ќе се обучуваат таму. Ќе имаме клучен експертски, странски кадар, но генерално, кадарот главно ќе биде од Македонија бидејќи сметаме дека и професорите во Македонија се мошне квалификувани – вели Чандра за „Лидер“.

Би можело да ве интересира

Државата наплатила 62 милиони евра од патарини годинава, за три години приходот е двојно зголемен

Орце Костов

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Вицепремиерот Битиќи на средба со странските инвеститори: Системски ја засилуваме предвидливоста на деловното опкружување за нови инвестиции

А1он

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он