Индекс за перцепција на корупција: Македонија рангирана најлошо во регионот, пад од 17 места во однос на претходната година

Од:

Македонија е рангирана на 107. место на Индексот за перцепција на корупцијата за 2017 година на Транспаренски интернешнл објавен денеска. Тоа е пад од 17 места за нашата држава во однос на Индексот од претходната година.

Од регионот најдобро рангирана е Словенија која се наоѓа на 34. место, Хрватска е на 57. мето, Грција и Романија се на 59, Црна Гора е на 64. место, Бугарија на 71., Србија на 77., Турција на 81. место, Косово на 85. и Албанија на 91. место.

Во светски рамки најдобро рангирана земја е Нов Зеланд, по што следуваат Данска и Финска, додека перцепцијата за корупција е најголема во Сомалија, која се наоѓа на последното место.

Од Транспаренси интернешнл истакнуваат дека напредокот во борбата против корупција е бавен, а повеќето држави пребавно напредуваат. Во последните шест години голем број држави оствариле мал или никаков напредок, а вознемирува и резултатот дека државите каде што новинарите и невладините организации се најмалку заштитени, имаат и најголема стапка на корупција.

Би можело да ве интересира

Захарова: Европски претставници беа дел од корупциските шеми во Украина

Горан Наумовски

Попладнево се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Предраг Петровиќ

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

По заканите Петровска побарала обезбедување, пред неа истиот се заканувал и на судијка

Предраг Петровиќ

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ